Top Sport

Билет за Супербоул ќе чини мало богатство

Влезниците за Супербоул ќе чинат мало богатство или цело богатство, а тоа зависи од тоа за кои седишта станува збор. Додека препродавачите на билети со нетрпение чекаат да видат дали Минесота ќе успее да направи уште едно изненадување „Јаху спортс“ ги открива цените на влезниците.

Иако во Минесота во терминот кога се игра финалето во НФЛ лигата (Супербоул) прогнозите се дека времето ќе биде студено, официјалната цена на влезниците ќе биде повисока од минатогодишните во просек од 950 до 5.000 долари.

Јасно е дека цената на „црниот пазар“ за магичното парче хартија ќе биде далеку повисока.

Доколку Минесота успее да ја победи Филаделфија цената ка препродавачите може да биде астрономска, а како што предвидува „Јаху спортс“, регуларната цента на билетите би се множела со четири, пет или шест.

За најпосакуваните места официјално ќе се плаќ од 1.250 до 5.000 долари, но малкумина имаат среќа билетите да ги купат по вистинската цена. Во реалноста тие чинат многу повеќе.

Местата во посебните ВИП ложи, оние кои се најблиску до теренот, ќе коштаат по 5.000 долери и тие се наменети за спонзорите, семејствата на играчите и познатите личности. За споредување сезонски билет, за 10 натпревари на Минесота, за истите тие места кошта 4.000 долари.

Наредната недела лигата ќе ги соопшти официјалните билети за Супербоул финалето.

Scroll to Top