Top Sport

Битка на титаните во Париз! Ѓоковиќ се врати во епскиот втор сет за израмнување против Надал

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал уште еднаш покажа зошто иако имаат над 30 години, се најдобрите тенисери на денешницата во неверојатниот втор сет на нивната пресметка во четврт-финалето на Ролан Гарос.

„Кралот“ на земја, Надал имаше фуриозен старт на мечот, освојувајќи го првиот сет со 6:2 и поведувајќи со 3:0 во вториот сет, по што следуваше вистинска тениска класика и неверојатен камбек на Ѓоковиќ. Тој успеа да врати еден брејк за 3:2 негатива, по што следуваше шестиот гем од мечот од маратонски 18 минути и 43 секунди за израмнување на 3:3.

Откако двајцата ги заддржаа своите сервиси до 5:4 за Ѓоковиќ, Србинот успеа да ја искористи втората сет-топка на сервис на Надал за 6:4 израмнување на 1:1 и најава за продолжување на титанската битка.

Само вториот сет од вечерната сесија во Париз траеше 1 час и 26 минути!

Scroll to Top