Британецот Џек Кулшау би требало да ја добие наградата за глупост на месецот откако минатиот викенд во аматерски меч во АФЦ во англискиот град Јорк во мечот против Зака Едвардс славеше победа со нокаут, по што заработи бизарна повреда.
Кулшау при прославата на победата се качи на врвот на октагонот, по што скокна на подлогата со двете нозе, при што тешко ја повреди десната нога, поточно коленото.
„Дури утрото дознав што всушност ми се случи. Немаше скршена коска, но коската кај коленото целата беше извртена, а лигаментите испукани. Морам да ги почекам прегледите, најверојатно и другото колено настрадало“ – изјавил несреќниот борец.
Погледнете:
Stoppage then dislocates knee climbing the cage!!
✅ Win fight✅ Climb Cage❌ Dislocate knee Jack Culshaw's night at Almighty Fighting Championship 10.Main card live: propersport.uk/afc10ppv #MMA
Posted by Proper Sport on Сабота, 17 ноември 2018