Top Sport

Бизарно од САД опен – Корне казнета бидејќи го покажа градникот (видео)

Официјалните лица на САД опен се на удар на критиките откако француската тенисерка Ализе Корне доби казна за превртување на нејзината маичка.

28-годишната Корне се враќаше на теренот по кратка пауза во мечот од првото коло, кога сфати дека ја облекла маичката обратно, по што се сврте со грб кон камерите, се пресоблече и беше забележан нејзиниот црн спортски градник. По ова таа доби предупредување од судијата на столче Кристијан Раск.

Според многумина ова е сексистички, но според правилата на ВТА, жените не смеат да се пресоблекуваат на терените, додека на тенисерите тоа им е дозволено.

Scroll to Top