Од 24 ноември до 1 декември, Анхоч подготвува осум дена со специјални цени на голем избор производи од светот на технологијата. Но, она што ја прави оваа Black Friday понуда поинаква не се само попустите, туку начинот на кој се формираат цените.
Black Friday е период кога сите зборуваат за попусти. Големи проценти, прецртани цени и понуди што на прв поглед изгледаат неверојатно. Но, колку од тие попусти се навистина реални?

Во Анхоч, веќе трета година по ред, Black Friday го комуницираме со една едноставна порака: Реални попусти. Реални цени.
Веруваме дека добриот попуст не треба да биде резултат на претходно вештачки покачена цена. Не треба да изгледа поголем отколку што навистина е, ниту да биде скриен зад атрактивни проценти и маркетиншки трикови.
За нас, вистинската вредност на Black Friday е во тоа купувачите да добијат можност да го купат производот што го посакуваат по навистина добра цена.
Без вештачко надувување на цените. Без потреба попустот да изгледа поголем. Само конкретни понуди што вреди да се разгледаат.
И оваа година подготвуваме избор на производи од различни категории – лаптопи, компјутери, монитори, смартфони, паметни часовници, гејминг, аудио опрема и многу повеќе.
Од 24 ноември до 1 декември, купувачите ќе можат да ги разгледаат Black Friday понудите во продажните салони на Анхоч и на www.anhoch.com.
Затоа, ние нема да ви ветуваме чуда.
Ќе ви понудиме нешто многу поконкретно – цени поради кои навистина вреди да го искористите Black Friday.
BLACK FRIDAY | 24.11 – 01.12.2026
Најреалните попусти пристигнаа!
(ПР)
