Top Sport

Бодибилдерите редат успеси – Освоија 13 медали на Балканското првенство

Уште тринаесет медали донесоа бодибилдерите од едно големо шоу! Изминатиот викенд во Србија се одржа 31-то Балканско првенство, а нашите шампиони продолжија да нижат успеси – освоија дури десет златни и три сребрени медали, заедно со едно петто место!

За најголеми резултати потребна е огромна поддршка, а компанијата Mozzart веќе извесно време и помага на националната федерација.

„Остваривме одлични резултати на ова балканско првенство и се враќаме дома со тринаесет медали. Голема благодарност до Mozzart за поддршката што ни ја дава, а се трудиме преку одлични настапи да ја оправдаме таа доверба“, истакна Бобан Ѓороски, претседател на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија.

Соработката со Mozzart започна во пресрет на Светското првенство во Шпанија оваа есен, а беше среќна за нашата најдобра претставничка Мери Акиевска. Таа освои дури четири медали, стана светски шампион во велнес за јуниори, апсолутен шампион во јуниорска конкуренција, светски шампион за сениори во велнес и апсолутен шампион во сениорска конкуренција.

Низата успеси продолжи и оваа пролет, а веќе овој викенд ги очекуваат нови предизвици. Од 15 до 17 април во Скопје се одржува меѓународниот турнир IFBB Herkules Grand Prix.

„Нашите репрезентативци не навикнаа на одлични резултати, од секое натпреварување носат медали. Mozzart веќе долга низа години поддржува многу клубови и федерации, а особено ни е драго што сме дел од ова шампионско семејство. Веруваме дека и во наредниот период овие сјајни професионалци ќе и донесат многу радости на нацијата“, изјави Мики Златески, менаџер за корпоративни процеси во Mozzart.

Scroll to Top