Бодирога останува претседател на Евролигата.
Исто така, извршен директор во истиот период ќе биде Паулијус Мотиејунас.
Одборот на директори едногласно одлучи повторно да им верува на Бодирога и Мотиејунас.
Тие ја истакнаа посветеноста на Бодирога, кој на ова место е од 14 септември 2022 година.
Соработката беше продолжена на 15 јуни минатата година.
Под водство на споменатите двајца, Евролигата започна неколку клучни проекти и иницијативи, како што е генерирање поголем интерес за дигиталните платформи и телевизијата.
Поставување рекорд по број на гледачи, водење редовни разговори со актерите за да се дојде до прифатливи решенија, се само дел од работите со кои се пофали Евролигата.