Top Sport

Боксерот Амир Кан доби закани со смрт поради новогодишна елка

Поранешниот светски боксерски шампион, Амир Кан доби закани со смрт откако сподели фотографија со новогодишна елка и други божиќни украси.

Кан објасни дека елката ја поставил за неговата ќеркичка Ламасија, меѓутоа веднаш доби негативни коментари дека како муслиман не треба да го слави Божиќ.

„Додека сите спиеја, тато ја постави божиќната елка. Ламасија ќе биде среќна“, напиша 31-годишниот Британец со пакистанско потекло.

Дел од коментарите го запрашаа боксерот зошто поставил такво нешто бидејќи „знаел“ колку негативни реакции ќе добијат. Дел од коментаторите дури му се заканија дека ќе го убијат него и неговото семејство.

Scroll to Top