Еден од најлегендарните боксери во историјата на поранешна Југославија, Маријан Бенеш денеска беше погребан во Бања Лука, и на негово барање последниот поздрав беше со химната на Југославија, „Хеј Словени“.
„Бански двор“ беше премал да ги прими сите кои сакаа да му оддадат почит на Бенеш, а комеморацијата ја предводеше градоначалникот на овој град, Игор Радојичиќ.
„Маријан се пресели меѓу ѕвездите каде што му беше местото. Бања Лука е горда што меѓу себе имаше таков човек. Иако е роден во Белград, секогаш го сметавме за свој. Легендите не умираат, туку само се селат меѓу ѕвездите“, изјави Радојичиќ.
Боксерскиот шампион Бенеш во тешки маки го загубил последниот меч