Мексиканецот Саул „Канело“ Алварез на своите фанови им даде шанса да ја видат неговата импресивна колекција на луксузни автомобили, кои ги рангираше по тоа кој му е најомилен.
Шампионот во средна категорија минатата година потпиша договор од 300 милиони долари за 11 меча со веб-сајтот „ДАЗН“, што претставува најбогат спортски договор во историјата, така што не чуди што може да си ги приушти автомобилите.
Дел од колекцијата е и реткиот класичен автомобил Ферари Тестароса 1, кој сепак, не му е најомилен. Таа чест ја има Мерцедес СЛС АМГ црна серија.
АВТОМОБИЛИТЕ НА КАНЕЛО
– Mercedes SLS AMG Black Series
– Lamborghini Aventador Roadster
– Mustang 500 Eleanor
– Mercedes-Benz G63 AMG 6×6
– Ferrari Testarossa