Top Sport

Болките посилни од Шпанецот, Надал му го предаде мечот на Чилиќ

Марин Чилиќ е вториот полу-финалист на првиот сезонски Гренд слем, за пласман во финалето тој ќе се бори против Британецот Кајл Едмунд.

Хрватскиот тенисер избори пласман во полу-финалето откако првиот носител на турнирот Рафаел Надал му го предаде четврт-финалниот дуел при резултат 2:2 во сетови и предност на Хрватот од 2:0 во решавачкиот сет.

Шпанецот го доби првиот сет со 6:3, Чилиќ со иста мерка возврати во вториот, а Надал предноста во сетови ја врати откако третиот го доби во тај-брејк.

Меѓутоа на почетокот на четвртиот сет започнаа проблемите на Шпанецот со бутниот мускул. Надал тешко се движеше, а Чилиќ го искористи тоа и го освои сетото со 6:2.

Во паузата помеѓу четвртиот и петтиот сет Надал побара медицински тајм-аут, но по само два гема, кои ги доби Хрватот во решавачкиот сет, реши да го предаде мечот.

Scroll to Top