Top Sport

Болт ќе продолжи да тренира со Централ Коуст

Светскиот рекордер на 100 и 200 метри, Јусеин Болт, и официјално потпиша договор со австралискиот клуб Централ Коуст маринерс за „неопределено време на тренинзи“.

Претходно беше објавено дека Болт ќе тренира со Маринерс шест недели во процес на „евалуација“ за тоа дали е можно тој да добие целогодишен договор, но сега се посочува дека нема да има таков тест, туку дека Јамајчанецот само ќе тренира без обврски.

Се верува дека Болт може да добие шанса да игра на неколку натпревари пред сезоната, на кои ако импресионира може да добие некаков договор со Маринерс.

Scroll to Top