Top Sport

Болт завршил со спортот, ќе биде бизнисмен

Најбрзиот човек во светот, Јусеин Болт, рекол дека завршил со фудбалската кариера. Болт изјавил дека „било интересно додека траела“.

Светскиот рекордер на 100 и 200 метри во своите обиди да започне фудбалска кариера тренираше со Борусија Дортмунд и Централ Коуст Маринерс.

„Не можам да кажам дека не се справивме со ситуацијата на вистинскиот начин, но не беше се онака како што посакувавме. Меѓутоа ја научивме лекцијата“, рекол осумкратниот олимписки победник.

„Интересно искуство. Уживав да бидам дел од тимот. Тоа е поразлично чувство од она на патеката. Беше интересно додека траеше“, дополнил Болт.

„Завршив со спортскиот живот. Во план имам многу работи. Се обидувам да бидам бизнисмен“, завршил 32-годишниот Болт.

Scroll to Top