УФЦ шампионката во перо категорија, Валентина Шевченко, откри дека нејзината мајка Елена стана светска шампионка во Муај Таи борби, неколку дена пред Шевченко и нејзината сестра Антонина да станат првите сестри на еден УФЦ настан.
56-годишната Елена Шевченко е претседател на Федерацијата во Муај Таи на Казахстан, и таа направи серија потези на тренинг на виртуелниот турнир на Светската ИФМА федерација, за освојување на титулата. Валентина Шевченко во сабота ја брани титулата против Џенифер Маја на УФЦ 255, додека Антонина Шевченко, поранешна шампионка во Муај Таи, ќе се бори со „Кралицата на насилството“, Бразилката Аријане Липски истата вечер.
„Мојата мајка се подготвуваше два месеци за ова. Доби златен медал и неверојатно сум горда на неа“, открива Шевченко.
My mother became World Muaythai Champion in Shadow Boxing ! ? @ell_shevchenko
Congratulations to my dear mom , President of Kyrgyzstan Muaythai Federation, Elena !
She became World Champion in Virtual IFMA Muaythai Championship 2020 in Shadow Boxing ?????? pic.twitter.com/5w2zWdZLfK— Valentina Shevchenko (@BulletValentina) November 19, 2020