Top Sport

Браќата Кличко бараат Русинот Бивол да не боксува со Канело

Поранешните светски шампиони во тешка категорија, Владимир и Витали Кличко побараа американските власти да не дозволат рускиот ВБА шампион во средно-тешка категорија, Дмитриј Бивол да го оддржи мега-мечот со Мексиканецот Саул „Канело“ Алварез во мај поради рускиот напад на Украина.

И покрај тоа што повеќе спортски федерации ги суспендираа Русите и Белорусите по совет на Интернационалниот олимписки комитет, боксерските федерации засега не се решија на таков чин. Бивол треба да боксува на мексиканскиот национален празник, 5 мај против Канело во меч во кој му се гарантирани 2 милиони долари и 30 отсто од парите од пеј-пер-вју купувањата.

„Секоја санкција треба да биде на место. Ова не е лично против спортистите, туку против политиката на Русија. Секој руски претставник треба да биде казнет“, изјави Виталиј Кличко, актуелен градоначалник на Киев за „Би-би-си“.

Со него се согласува и неговиот помлад брат, Владимир.

„Важно е на овој боксер да не му се дозволи да боксува во Америка, како што на сите руски спортисти им е забрането да бидат на интернационалните натпреварувања. Американската влада мора да интервенира“, вели Владимир Кличко.

Scroll to Top