Top Sport

Бранителката на трофејот на Вимблдон во последен момент го откажа настапот

Неочекувана вест на Вимблдон.

Додека тенисерите ја очекуваа жрепката за првото коло на неофицијалното светско тениско првенство, актуелната шампионка – Романката Симона Халеп реши да се повлече од овогодинешното издание.

Одлуката на Халеп доаѓа поради повредата што ја заработиво средината на месец мај, на Ролан Гарос, на листот на ногата. Иако од поодамна се знаеше дека Романката има проблем со повредата, зачудува фактот што одлуката за откажување од турнирот на организаторите им ја соопштила во „минута до 12“.

„Дадов се од себе да бидам подготвена да заиграм на Вимлдон и по таквите сјајни моменти од пред 2 години. Бев возбудена и почестена повторно да се најдам на прекрасните терени, овојпат како бранителка на трофејот“ се наведува во соопштението на моментно третата светска тенисерка.

Минатата година Вимблдон не се одржа поради пандемијата на коронавирусот, а годинешното издание започнува во понеделник и ќе трае се до 11. јули.

Scroll to Top