Вчера во Сочи се одржа необична ММА борба во која разликата во тежината помеѓу борците била 22 килограми. Интересен бил и конечниот исход на борбата, полесниот борец брутално го нокаутирал потешкиот.
Најчести наслови во руските медиуми се дека „Давид го нокаутирал Голијат“. Во овој случај Давид бил 175 сантиметри високиот и 94 килограми тешкиот Могамед Исмаилов, а Голијат бил Александер Емелианенко висок 191 сантиметар и теѓок 116 килограми.
Александар е помладиот брат на легендарниот Федор Емелианенко.
Руските медиуми пишуваат дека Александар бил целосно разбиен од Исмаилов. Мечот бил прекинат по три минути и 25 секунди борба во третата рунда. Александер Емелианенко целиот во крв бил изнесен од рингот.
Видео од борбата