Top Sport

Бразилците го освоија Светскиот куп

Одбојкарите на Бразил, во пресрет на последното коло на Светскиот куп во Јапонија, ја обезбедија титулата. Екипата на селекторот Ренан дал Зота првото место на табелата го обезбеди со денешната победа над домаќините од 3:1 (25:17, 24, 26, 25:14, 27:25).

Актуелните олимписки шампиони досега ги победија сите свои противници на Светскиот куп. Инаку ова за нив е трет златен медал во ова натпреварување.

На другите денешни натпревари Полска ја порази Канада со 3:0 (25:23, 26:24, 25:20), Италија го победи Иран со 3:2 (25:27, 27:29, 30:28, 25:17, 15:13), САД во дербито со максимални 3:0 славеа над Русија (25:23, 25:11, 25:16), Аргентина го победи Египет со 3:1 (25:27, 25:17, 25:22, 25:17), додека Авастрлија славеше во дуелот со Тунис 3:0 (25:21, 25:17, 25:21).

Scroll to Top