Top Sport

Британија ќе остане без медал од штафетата 4×100 – еден од спринтерите е допингуван?

Велика Британија најверојатно ќе остане без сребрениот медал освоен на Олимписките игри во штафетната трка 4×100 метри во машка конкуренција. Првичните анализи покажале дека спринтерот Си Џеј Уја (27) бил позитивен на недозволени супстанци.

Единицата за интегритет на атлетиката (AIU) соопштила дека тестот на Британецот покажал присуство на забранетите „Остарин“ и „С-23“ – супстанци кои генерално се користат за зголемување на мускулната маса. Тие имаат дејство како анаболички стероиди.

Случајот го презела Меѓународната агенција за тестирање и започнала истрага, а доколку се испостави дека атлетичарот е виновен, ќе има сериозни санкции за Велика Британија.

Засега атлетичарот одбил да ја коментира целата ситуација.

На штафетната трка прва беше Италија, втора Британија, а трета Канада.

Scroll to Top