Top Sport

Брумел го постави резултатот на сезоната на 100 метри

Американскиот спринтер, Трајвон Бромел, на натпревар на универзитетот Флорида, постави најдобар резултат оваа година, на 100 метри. Бромел, најкратката патека ја истрча со време 9,88 секунди.

Бромел на патеката се врати по долгата пауза, поради разните повреди, кои се закануваа да му ја прекинат кариерата. Овој спринтер во 2015 година, на 20-годишна возраст, го постави својот личен рекорд од 9,84 секунди. Истата година го освои третото место на Светското првенство.

Со трката на Флорида, Бромел најави дека ќе биде голем фаворит за златниот медал на Олимписките игри во Токио. Олимпијадата поради суспензија ќе ја пропушти актуелниот светски првак, Кристијан Колман.

На трката на универзитетот Флорида, второто место го освои Канаѓанецот, Андре Де Грасе, кој во 2016 година освои бронза на ОИ во Рио де Жанеиро, а трет заврши Дивине Одудуру.

Scroll to Top