Top Sport

Брутален нокаут за крај на 2019 година (Видео)

Настанот наречен „Ризин 20“ одржан во Јапонија на истекот на годината понудил неколку одлични борби, а потегот на вечерта го имал Чехот Јиржи Прохаска. Тој ја одбранил титулата во полу-тешка категорија со нокаут, според многумина еден од најбруталните во 219 година.

Прохаска го победил Си-Би Долавеј кој 11 години бил член на УФЦ. Оваа година тој решил да се бори во Ризин.

Борбата траела помалку од две минути. Чехот со сјајен удар го нокаутирал противникот.

Јиржи Прохаска ја забележал 26 победа во 29 борба во кариерата.

Scroll to Top