Top Sport

Брутално претепан познат руски ММА борец (Видео)

Познатиот руски ММА борец Дмитри Кузњецов пред десетина дена бил брутално претепан во Москва. Медиумите во Русија се заинтересирале за случајот откако деновиве се појавила снимка од безбедносните камери на која се глада како тројца мажи го тепаат Кузњецов. Откако се појавила снимката од нападот Кузњецов нападот го пријавил во полиција.

Дмитри Кузњецов бил со својата девојка, во моментот додека во автомобилот ги ставал нејзините платна за цртање се појавиле тројцата хулигани. Тие без причина го нападнале ММА борецот.

Кузњецов најпрвин возвратил, успеал да нокаутира еден од нив, но потоа тие брутално го претепал.

За руските медуми тој потврдил дека не бил сериозно повреден и дека неколку модринки добила и неговата девојка.

Инаку Кузњецов утре вечер треба да има борба во ММА.

https://twitter.com/drafts_2/status/1209377326464671745

Scroll to Top