Top Sport

Брутално: УФЦ фајтерот Мајк Пери со страшна повреда на носот

Американскиот ММА фајтер Мајк „Платинум“ Пери доби страшна поврда на носот при бруталниот пораз од Висенте Луке на УФЦ Фајт Најт 156 во Монтевидео, Уругвај.

Октагонот во Монтевидео беше вистинска „кланица“, откако Бразилецот Луке со колено го погоди Американецот во последната минута од третата рунда, а носот на Пери беше целосно деформиран. 27-годишниот Луке се обиде да ја заврши борбата со давење, но на крајот победи на поени (29:28, 28:29, 29:28), иако Пери имаше повеќе удари во мечот.

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт ја сподели фотографијата од лицето на Пери по мечот, по што 27-годишниот фајтер од Мичиген доби пофалби за својата храброст.

Scroll to Top