Тениската федерација на САД е виновен 75 отсто за незгодата која и се случила на Канаѓанката Јуџин Бушар на Отвореното тениско првенство на САД во 2015 година, додека 25 отсто од вината има и тенисерката, процени поротата на судот во Њујорк.
Бушар поднесе тужба против Тенискиот федерација на САД поради повредата со која се здоби на Грен слем урнирот во Њујорк. Канаѓанката се лизнала во соблекувалната удрила со главата во подот и добила потрес на мозокот.
Наводно подот бил воден, поради што таа се лизнала и паднала. Бушар поради повредата мораше да го заврши настапот во Њујорк во 2015 година.
Бушар пред судот навела дека направила два чекори и дека потоа паднала и дека почувствувала дека кожата и „гори“ од силното сретство за чистење кои било на подот.
Одбраната ги отфрилила тврдењата за негрижа и истакнала дека тенисерката не смеела да влегува во соблекувалната без придружба на официјалните лица од турнирот.
Сепак поротата пресудила дека Федерацијата е одговрна 75, а Бушар 25 отсто за несреќата. Колку пари тениската федерација на САД ќе треба да и плати на Јуџин Бушар ќе биде познато во наредните денови.
Канаѓанката Бушар, некогаш финалистка на Вимблдон и петта на ВТА листата, сега се наоѓа на 116. место во светот.