Шпанскиот тенисер Роберто Баутиста-Агут го освои АТП турнирот од серијата 250, во Доха. Баутиста-Агут во финалето го победи Томаш Бердих со 6:4, 3:6, 6:3.
Баутиста-Агут во Доха одигра исклучително квалитетен турнир, а на патот до трофејот покрај Бердих го победи Матео Беретини, Гиљермо Гарсија-Лопез, Стан Вавринка и Новак Ѓоковиќ.
Шпанецот во финалето не ја повтори играта со која вчера го победи Ѓоковиќ, но имаше неколку периоди на брилијантна игра, поради што и ја освои титулата.
Еден брејк го реши првиот сет, него го направи Шпанецот во осмиот гем, во вториот Чехот возврати со иста мерка, а клучен во борбата за титулата беше четвртиот гем во решавачкиот сет, кога Баутиста-Агут направи брејк.