Top Sport

„Цената“ од УФЦ дуел – Прајс со страшни повреди на окото

Нико Прајс заврши во болница со страшна повреда на окото за која беа потребни повеќе конци откако повторно беше поразен од ривалот Висенте Луке на УФЦ 249 на Флорида минатата ноќ.

Мечот во велтер категорија беше прекинат во третата рунда поради отокот на десното око, доделувајќи му победа со технички нокаут за Луке. Прајс му честиташе на ривалот за победата, по што замина во болницата во Џексонвил.

Прајс и Луке го имаа првиот меч во празната „Вистар ветеранс меморијал арената“, каде што УФЦ стана првиот професионален спорт кој се врати во САД и покрај пандемијата на корона вирусот. Ова беше втор дуел и втора победа на Луке над Прајс.

„Тренеру пуштете ме, добар сум“, напиша Прајс на Инстаграм, заддржувајќи го духот и покрај големиот ќотек кој го доби.

 

View this post on Instagram

 

Put me in coach I’m good #ufc249 #battlewounds #imgood

A post shared by Niko “The Hybrid” Price •UFC• (@hybridufc) on

Scroll to Top