Top Sport

Чао Пекинг, се гледаме во Милано и Кортина д’Ампецо

Вчера во Пекинг завршија 24. Зимски олимписки игри (ЗОИ). Главниот град на Кина, влезе во историјата на олимпизмот, како прв град домаќин на Летна и Зимска олимпијада.

На терените во кинеската престолнина, доминираа спортистите од Норвешка, освоија 37 медали, 16 од нив со златен сјај. Норвешка постави апсолутен рекорд на ЗОИ, според бројот на освоени златни медали.

За четири години, ЗОИ ќе се одржат во Италија, во Кортина д’Ампецо и Милано.

Во соработка со ЦМГ Европа ( China Media Group Europe)

Scroll to Top