Top Sport

Чеченецот го спружи противникот за 17 секунди

Синоќа се одржа последниот УФЦ настан во Лас Вегас. Во главната борба Колби Ковингтон го победи Тајрон Вудли, но ѕвезда на вечерта беше Чеченецот кој живее во Стокхолм Хамзат Чимаев.

Во средна категорија Чимаев за само 17 секунди го нокаутираше Џералд Миршат. Чимаев постави нов рекорд во УФЦ, са замо 66 дена забележа три победи. Во кариерата тој има скор 9-0, шест пати победил со нокаут.

Главната борба беше резервирана за омразените ривали Ковингтон и Вудли. Победи Ковингтон откако судијата реши да ја прекине борбата во петтата рунда. Ковинготн му сугерираше на судијата дека неговиот противник има повреда на ребрата.

Нареден ривал на Ковингтон треба да му биде Камару Усман. Во нивниот последен меч Камару му ја скрши вилицата на Ковингтон.

Scroll to Top