Во 2019 година имаше многу „повици“ за дуел и пресметка во ММА светот, но ова е секако најбизарниот – чеченскиот претседател Рамзан Кадиров го предизвика ветеранот Александер Емелианенко на тепачка, во ММА октагонот или во боксерски меч.
Чеченскиот лидер преку Инстаграм го предизвика поранешниот шампион во тешка категорија од ПРАЈД и брат на легендарниот Федор Емелианенко.
„Што мислите пријатели? Во каква арена да се борам со Александер Емелианенко, каде имам повеќе шанси да победам? Во боксерски ринг или во ММА кафез? Јас би го средил во секоја форма. Нема да биде досадно, тоа е сигурно“, вели 43-годишниот Кадиров.