Рафаел Надал открива дека неговиот чичко и поранешен тренер Тони Надал лично му се извинил откако во една колумна напиша дека Рафа не е „тенисер, туку повреден човек кој игра тенис“ по неговиот настап на Мастерсот во Индијан Велс.
Таму, Шпанецот мораше да се повлече пред интересното полуфинале против својот најголем ривал Роџер Федерер, по што не играше ниту во Мајами поради повредата на коленото. Ова го предизвика Тони Надал, негов долгогодишен ментор и тренер да ја коментира состојбата на својот внук.
„Рафаел сака да продолжи да игра и покрај физичките проблеми. Не знаеме до кога. Можеби година, две, три. Велам дека тој не е тенисер, туку повреден човек кој игра тенис и тоа е многу тешко“, напиша Тони Надал во весникот „Ел паис“.
Надал вели дека Тони згрешил и дека самиот го забележил тоа и дека се извинил.
„Тој ми се извини. Дојде на терените каде што тренирав и ми кажа дека му е жал. Тој сакаше да го каже тоа во позитивна смисла бидејќи имав многу проблеми со повредите. Кога зборуваш многу, правиш грешки“, вели 17-кратниот гренд слем шампион, кој ќе игр со сонародникот Роберто Баутиста Агут на Мастерсот во Монте Карло.