Top Sport

Чичко Тони: На Рафа сега воопшто не му е грижа за тенисот

Менторот и поранешен тренер на Рафаел Надал, неговиот чичко Тони Надал вели дека поради ситуацијата со пандемијата на корона вирусот, неговиот внук воопшто не размислува за тенисот во моментов.

Надал неодамна заедно со кошаркарот Пау Гасол организираше кампања за собирање на средства за Црвениот крст во Шпанија, една од најпогодените земји од пандемијата, а оваа недела на аукција ја постави маичката со која победи на Ролан Гарос во 2019 за да собере дополнителни средства.

Сезоната на земја беше целосно „збришана“ од пролетниот календар оваа година, додека Ролан Гарос беше преселен на крајот на септември, но Тони Надал вели дека тоа не е важно.

„Имаше луѓе кои се жалеа дека не се консултирани, но што би ни кажале? Пред неколку недели беше јасно дека ќе мораме да сопреме со тенисот. Како да се игра во моментов? Нема да се игра додека нема јасни мерки, бидејќи што правиме ако во октомври има втор бран? Колку земји имаат ограничено движење. Зборувавме со Рафа и тој ми кажа дека во моментов воопшто не му е грижа за тенисот. Корона вирусот, а не спортот е важен во моментов“, вели Тони Надал.

Scroll to Top