Top Sport

Чичкото на Надал: Со Федерер имаше начин за победа, со Новак – тешко!

Тони Надал – чичкото на шпанскиот тенисер Рафаел Надал (негов поранешен тренер) истакна дека стилот на Ѓоковиќ му бил многу покомплициран на тенисерот за разлика од оној на Федерер.

„Најмногу сакам кога не игра ниту со едниот, ниту со другиот. Подобро е со некои други играчи. Сепак, малку повеќе сакам кога игра против Федерер, мислам дека го имавме вистинскиот начин за победа. Со Новак одеше потешко, затоа што никогаш не знаеш што точно треба да правиш“ изјави Тони Надал во подкастот „The Double Bagel”.

Тој вели дека Рафа никогаш премногу не ја користел технологијата и не се потпирал на неа.

„Постојат технологии кои можат да ви помогнат, но од друга страна ако премногу се потпреш на технологијата, таа прави одредени слабости. Така е и во животот. Некои работи ни помагаат како деталната статистика, но со Рафа никогаш премногу не сме и верувале на статистиката и на технологијата. Се концентриравме на други работи. Најважно е активното размислување“ рече Надал.

Пред 4 години престана да работи со својот внук и се посвети на работата во тениската академија.

Scroll to Top