Top Sport

Чилиќ: Федерер треба да ѝ се заблагодари на мојата сопруга

Во последното интервју, најдобриот хрватски тенисер Марин Чилиќ се потсети на необичната тренинг-сесија со Роџер Федерер минатата година, велејќи дека Швајцарецот треба да се заблагодари на неговата сопруга.

„По сезоната 2017 со мојата сопруга отидовме на Малдивите на еден прекрасен остров и почнавме да играме малку тенис. Таа е љубител на тенисот, игра со нејзините пријателки и со нејзината сестра  и секогаш е многу конкурентно. По неколку дена ми се јави Роџер бидејќи слушнал дека сум на островот и сакаше да удриме по некое топче. Мојата сопруга малку се налути и ми кажа: ’Ова е одмор за вас, но за мене е сериозно’, но на крајот ми дозволи да играм со него. Ќе станев, ќе пиев кафе со сопругата, по што со Роџер ќе отидевме на другиот остров каде што имаше тениски терен“, објаснува Хрватот.

Тој исто така вели дека сопругата Кристина Милковиќ сериозно го сфаќа тенисот.

„Прво тренирав со Роџер, а потоа ќе дојдеше и Кристина по сесијата и таа беше сериозна и посветена и морав да бидам вистински тренер. Но, таа беше среќна и тоа беше најважно. Роџер пак ми се јави и ме повика, но таа му кажа: ’Роџер, ти немаш уште многу кариера, а мене само што ми почнува и морам да тренирам’. Тој и одговори дека ќе ме загрее да бидам подготвен за неа. Потоа дојде Австралија и играв со него во финалето и тој ме победи. Треба да се заблагодари на Кристина што му дозволи да тренирам со него, бидејќи тоа беше почеток на добрата сезона за него“, вели Чилиќ.

Scroll to Top