Top Sport

Чилиќ преку Карацев до второ коло во Синсинати

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ се пласираше во второто коло а АТП турнирот од Серија 1.000 во Синсинати. Тој во првото коло со 7-5 и 6-3 го совлада Русинот Аслан Карацев по час и 51 минута игра.

Чилиќ, кој моментно е 25-ти на АТП листата пред 5 години беше победник во Синсинати, а тоа воедно му е единствената титула од турнир од Серија 1.000.

Вистински дебакл во Синсинати за српските тенисери – четворица ги завршија настапите по првото коло, а Новак Ѓоковиќ не настапува на овој турнир.

Филип Краиновиќ, Ласло Ѓере, Миомир Кецмановиќ и Душан Лајовиќ не успеаја да го поминат стартното коло.

Подобар од Кецмановиќ со пресврт за 2-1 беше Беноа Пер, Корда со 2-0 го среди Ѓере, а Гаел Монфис беше пресилен за Лајовиќ, триумф со 2-0.

Изненадувањето да биде комплетно се погрижи Кецмановиќ кој е елиминиран од Де Минаур иако првиот сет го доби со 6:0.

Во останатите дуели од првото коло на машкиот дел од турнирот Паире беше подобар од Шаповалов 2-1, Тиафо со 2-0 го реши Хумберт, а Беретини со 2-1 беше поуспешен од Рамос.

Scroll to Top