Top Sport

Чилиќ против Карацев во финалето на АТП турнирот во Москва

Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ се пласираше во финалето на АТП турнирот од серија 250 во Москва откако со 2-0 (6-3 и 6-4) беше подобар од 107. на АТП листата, Литванецот Ричардс Беранкис.

Чилиќ, кој е 41. светски тенисер во моментов до победата стигна по 90 минути игра. Тој имаше 3 брејка, додека противникот само 1.

Утре Хрватот за трофејот ќе игра против Русинот, Аслан Карацев кој е 22-ри светски тенисер.

Карацев во полуфиналето славеше против сонародникот Карен Хачанов со 7-6 и 6-1.

Scroll to Top