Кореецот Хјеон Чунг стана првиот тенисер кој се пласираше во полуфиналето на „Некст џен“ турнирот во Милано, по супериорната 4:0/4:1/4:3(1) победа над првиот носител Андреј Рублев.
Рублев останува во игра да се пласира во полуфиналето, бидејќи во директен дуел со Канаѓанецот Денис Шаповалов ќе одлучуваат кој ќе биде втор во групата А, откако Шаповалов успеа со 4:1/4:1/3:4(5)/4:3(5) да го совлада упорниот Џанлуиџи Квинци, кој на турнирот настапува со вајлд-карта.
Во групата Б, Борна Чориќ се пласираше во полуфиналето по победата над Данил Медведев од 4:3(5)/2:4/4:1/4:2, оставајќи му шанса на Русинот со победа над Џаред Доналдсон да го освои второто место. Карен Хачанов по поразот од Медведев во првото коло, немаше проблеми со Американецот Доналдсон, но сега во следниот меч ќе мора да го победи Чориќ и да чека Доналдсон да го изненади Медведев за место во полуфиналето.
ГРУПА А
Чунг (Кор) – Рублев (Рус) 4:0/4:1/4:3(1)
Шаповалов (Кан) – Квинци (Ита) 4:1/4:1/3:4(5)/4:3(5)
ГРУПА Б
Хачанов (Рус) – Доналдсон (САД) 4:1/4:3(3)/4:2
Чориќ (Хрв) – Медведев (Рус) 4:3(5)/2:4/4:1/4:2