Top Sport

Цибулкова: Веќе не можам да тренирам како коњ (видео)

Доминика Цибулкова вели дека сега за неа „помалку е повеќе“. 28-годишната словачка тенисерка планира да има полесен распоред во 2018 година за да остане без повреди.

По победата на ВТА финалето во 2016 година, таа имаше лоша сезона по која падна на 26. место на ВТА-листата, а при крајот на сезоната имаше повреда на зглобот на раката. Таа се наоѓа во Дубаи каде што работи на подготовките за Австралискиот опен.

„Планирам да играм максимално 18 турнири. Лани имав 23 или 24, така што тоа ќе е голема промена за мене. Ќе видиме што ќе донесе 2018. Во тенисот сум 14 години и не е исто како кога имав 20 години и кога работев како коњ, како што велиме во Словачка и сè беше океј. Сега морам да внимавам на телото и да бидам подготвена за цела сезона. Кога немам енергија, нема да тренирам“, вели Цибулкова.

Scroll to Top