Грчкиот тенисер Стефанос Циципас, во неделата, на „Твитер“ одговарал на прашањата на тениските фанови.
Едно од поинтересните прашања гласело: „Која работа би ја „банувал“ засекогаш?“.
Во шега, кратко и јасно одговорил дека би му забранил на Рафа Надал да учествува на Ролан Гарос.
Шпанецот во Париз е доминантен, има освоено 13 трофеи. Во кариерата, на Ролан Гарос, Надал доживеал само два порази (Робин Содерлинг и Новак Ѓоковиќ) и еднаш морал да предаде меч поради повреда на коленото (Гранољес).