Top Sport

Циципас би му забранил на Надал да учествува на Ролан Гарос

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас, во неделата, на „Твитер“ одговарал на прашањата на тениските фанови.

Едно од поинтересните прашања гласело: „Која работа би ја „банувал“ засекогаш?“.

Во шега, кратко и јасно одговорил дека би му забранил на Рафа Надал да учествува на Ролан Гарос.

Шпанецот во Париз е доминантен, има освоено 13 трофеи. Во кариерата, на Ролан Гарос, Надал доживеал само два порази (Робин Содерлинг и Новак Ѓоковиќ) и еднаш морал да предаде меч поради повреда на коленото (Гранољес).

Scroll to Top