Грчкиот тениски ас, Стефанос Циципас е првиот полуфиналист на АТП турнирот од серија 500 што се игра во Барселона.
Циципас за 83 минути игра со 2-0 (6-3 и 6-3) беше подобар од младиот Италијанец, Јаник Синер.
Во првиот сет на петтиот светски тенисер во моментов му беше потребен само еден брејк за водство од 1-0. Во осмиот гем Синер поклекна пред налетот на противникот, па Циципас го доби овој сегмент од играта со 6-3.
Во вториот сет петтиот гем беше пресуден. Тука Гркот го освои поенот на сервис на противникот, па кога веќе се беше решено, Циципас со третиот брејк во последниот гем на мечот ја заокружи победата.
Противник за Циципас во финалето ќе му биде подобриот од второто „шпанско“ полуфинале кое започнува во 16 часот, а во кое силите ќе ги одмерат Рафаел Надал и Пабло Карено-Буста.