Top Sport

Циципас не е 100% подготвен за завршниот Мастерс во Торино

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас не е 100% подготвен за завршниот Мастерс тениски турнир во Торино. Третиот светски играч минатата недела во Париз му го предаде мечот на Алексеј Попирин поради повреда.

„Во Париз беше многу болно за мене тоа што ги разочарав навивачите, што не можев да го завршам мечот. Сепак, морав тоа да го сторам. Тоа беше за мое добро. Последните денови тренирам со болка, но се чувствувам многу подобро од пред 5-6 дена. Се надевам дека до мојот прв меч сите проблеми ќе исчезнат и дека ќе можам да одиграм најдобар тенис“ вели Циципас.

На грчкиот ас најголемиот успех му беше АТП финалето за трофеј во 2019 година кога загуби од Доминик Тим.

Оваа сезона е во група со Ѓоковиќ, Руд и Рубљов.

Scroll to Top