Top Sport

Циципас преку Рубљов стигна до најголемата титула во кариерата

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас ја освои титулата на Мастерс тенискиот турнир во Монте Карло. Во финалето за 72 минути игра со 6-3 и 6-3 славеше против рускиот тенисер Андреј Рубљов.

Ова е најголемиот успех во кариерата на грчкиот тениски ас.

Во првиот сет, Циципас направи само еден брејк, во вториот гем, доволен за убедливо освојување на сегментот.

Во вториот период третиот период беше оној во кој Циципас ја покажа својата доминација, и тука мечот веќе беше решен.

Се до крајот на ова финале беше рутина.

Scroll to Top