Top Sport

Циципас: Сакам победа против Надал на Ролан Гарос

Грчкиот тенисер, Стефанос Циципас, не крие дека амбициите оваа сезона му се на највисоко можно ниво. Цицпас има желба да го победи Рафаел Надал на Ролан Гарос.

Надал, во кариерата, 13 пати го освоил Ролан Гарос, а во меѓусебните дуели води пртив Циципас со 6-1.

„Навистина би било добро да го победам Надал на Ролан Гарос. Многу пати сум играл притив него, имам негативен скор, но секогаш излегувам на теренот со намера да победам“, рекол Циципас и дополнил.

„Сепак, многу тешко е да го победите на земјана подлога, тој е брилијантен тенисер, неверојатно борбен. Сметам дека и јас сум борец, но Рафа е на повисоко ниво“.

Циципас има 22 години, на АТП листата се наоѓа на шестото место.

Scroll to Top