Top Sport

Циципас се предаде во Париз

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас го предаде мечот од второто коло на Мастерс тенискиот турнир во Париз. Гркот губеше со 4-2 од Алексеј Попирин од Австралија, по што одлучи да го прекине натпреварот.

Иако ништо не наговестуваше ваков епилог, во еден момент му пријде на противникот, се поздрави со Попирин и му го предаде мечот.

По мечот, не сакаше да ја открие причината. Не сакаше да зборува за повредата која ја има и болката која ја трпи затоа што, според него, тоа е „лична работа“.

Попирин во следното коло ќе ги одмери силите со Џејмс Дакворт.


Петтиот носител на турнирот, Русинот Андреј Рубњов го заврши својот настап исто така по две кола. Денеска подобар од него со 2-0 (7-5 и 7-6) беше Американецот Тејлор Фриц.

Тој во следната фаза за противник ќе го има Камерон Нори кој со 2-0 беше поуспешен од Рејли Опелка.

Scroll to Top