Top Sport

Циципас се врати од 0:2 и го победи Надал

Рафа Надал, вториот светски рекет, го заврши својот настап на Австралија опен. 20-кратниот Гренд слем шампион, по четири часа и пет минути голема борба, го положи оружјето пред Стефанос Циципас.

Петтиот носител на турнирот го совлада Надал со 3:2 (3/6, 2/6, 7/6, 6/4, 7/5). Циципас успеа да му се реваншира на Надал за поразот, во истата оваа фаза, во 2019 година. Гркот, против Надал, ја забележа втората победа во осмиот меч, која му овозможи трет пат во кариерата да игра полу-финале на еден Гредн слем.

Надал до дуелот со Циципас не загуби сет на турнирот. Во жесток ритам го започна четврт-финалето, ги доби првите два сета за 81 минута и сигурно одеше кон уште една максимална победа.

Циципас сепак успеа да се врати во мечот, во третиот сет ги намали грешките, лесно ги добиваше своите гемови и успеа да избори тај-брејк.

Во тај-брејкот, Надал промаши два пати чисти удари на мрежа, со кои им овозможи на Циципас да намали на 1:2.

Гркот го пренесе моментумот и во четвртиот сет, дури и започна редовно да го приситска сервисот на Надал. До 10 гем не искористи четири топки за брејк, ја искористи петтата во сетот која му овозможи да израмни на 2:2.

Борбата продолжи и во решавачкиот сет, двајцата одлчно сервираа, релативно лесно минуваа низ своите сервис гемови. Прв попушти, Надал, во 11. гем, дозволи брејк, а потоа Циципас ја искористи третата меч топка за една од најголемите победи во неговата кариера.

Циципас во полу-финалето ќе игра против Данил Медведе, кој претходно го победи Андреј Рубљов.

Scroll to Top