Top Sport

Циципас: Секоја чест за Новак, покажа каков победник е!

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас загуби во денешното финале од првиот светски тениски рекет, Новак Ѓоковиќ иако имаше водство од 2-0.

„Дадов се од себе, се обидов се што можев. Првпат играв во финале, мислам дека направив сјајна серија резултати, но секоја чест за Новак, покажа каков победник е сиве овие години. Воодушевен сум од неговите постигнувања, ќе бидам пресреќен ако успеам да направам барем половина од тоа. Сигурен сум дека тоа е и заслуга на неговиот тим. Ова беше сјајна недела на Ролан Гарос. Потребна ми е уште многу работа и се надевам дека и следниот пат овде ќе имам добра претстава“ – изјави 22-годишниот Циципас по финалето.

Младиот грчки тенисер денеска го играше своето прво грен слем финале.

Scroll to Top