Грчкиот тенисер, Стефанос Циципас, доживеа непријатно изненадување во четврт-финалето на АТП турнирот во Хамбург. Четвртиот тенисер на АТП листата испадна од Србинот Филип Крајиновиќ со 6/3, 1/6, 3/6.
Еден детаљ го обележа дуелот помеѓу Циципас и Крајиновиќ.
Во петтиот гем, во вториот сет, при резултат 1:3, Циципас одигра бекхенд, и во тој момент во неговата рака остана само дршката од рекетот.
Веројатно, рекетот се скрши, бидејќи претходно, Циципас, незадоволен од својата игра неколку пати со рекетот удираше во подлогата.
What just happened ?
A *unique* racket malfunction from @steftsitsipas in Hamburg… pic.twitter.com/YhpcJp1qLS
— Tennis TV (@TennisTV) July 16, 2021