Четвртиот светски тенисер, Стефанос Циципас смета дека може добро да се носи со противниците на трева, иако вели дека му недостасуваат мечеви.
„Моментно дојдов овде и поминав неколку денови на село, близу Лондон. Неколку дена се опуштав, го опоравував телото и одев на физиотерапија за да се подготвам за на трева. Почнав да тренирам пред 8 дена и го вратив стилот на тенис кој го бара тревата“ вели Циципас.
Новинарите го прашаа за историските достигнувања кои ги брка Новак Ѓоковиќ, мислејќи за златниот слем.
„Тој е комплетен играч и има потенцијал тоа да го оствари. Ние како млада генерација иако себе си веќе не се сместувам во таа млада генерација, но ние сме гладни и сакаме да оствариме нешто слично еден ден. Тука сме да го запреме и на некој начин да ставиме точка на неговиот сон. Ќе биде тешко, но голем е предизвикот да играм со него, еден од најголемите што тенисот некогаш ги видел. Со причина е тука каде што е. Морам да кажам дека тревата е подлога на која има многу самодоверба и игра добро. Се уште е долг патот до нашиот потенцијален судир (во полуфинале), нема да му биде лесно ни на едниот, ни на другиот“ вели Циципас.