Грчкиот тенисер Стефанос Циципас оценил дека поразот од Борна Чориќ во третото коло на Ју-Ес опен е нешто најтажно и најсмешно што му се случило во кариерата
Циципас не искористи шест меч топки во четвртиот сет во кој водеше со 5:1. На крајот Чориќ славеше со 6/7, 6/4, 4/6, 7/5, 7/6.
„Ова е во исто време нешто најсмешно и најтажно што ми се случило во кариерата“м порачал четвртиот носител на турнирот.
Инаку пласманот во третото коло е најдобриот резултат во кариерата на 22 годишниот тенисер на Ју-Ес опен.
This is probably the saddest and funniest at the same time thing that has ever happened in my career!
— Stefanos Tsitsipas (@StefTsitsipas) September 5, 2020