Top Sport

Циципас во паника, неговиот партнер во дубл има корона

Грчкиот тенисер Михаил Перволаракис објави дека е позитивен на коронавирус, а резултатите ги добил денес. Поголем проблем претставува фактот што тој е дубл партнер на шестиот светски тенисер во моментов, Стефанос Циципас кој заедно со него настапуваше на неодамна завршениот АТП куп.

Случајот со Перволаракис го отвори прашањето за тоа колку и дали се почитуваат здравствените протоколи во Мелбурн каде е во тек Австралија опен. Засега не е познато дали Перволаракис се заразил во Австралија или при патот од Африка.

АО доцнеше 3 недели за да се воспостави строг карантин за играчите и членовите на стручниот штаб, а од вчера повторно мечевите се играат без публика.

АТП купот заврши со победа н Русија на 7 овој месец, а грчкиот дубл својот меч го одигра на 3 февруари, пред точно 10 дена.

Циципас синоќа по средноевропско време го совлада Швеѓанецот Имер и се пласираше во осминафиналето на турнирот.

Scroll to Top